Приведено лице од Сарај, осудено на двегодишна затворска казна
- Полициски службеници вчера лишиле од слобода скопјанец поради издржување казна затвор од две години, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници вчера лишиле од слобода скопјанец поради издржување казна затвор од две години, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 16:00 часот во с.Љубин, општина Сарај, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(36) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик, наведуваат од МВР.
Од Министерството посочуваат дека лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.фф/лв/
Фото: МИА Архива