Претседателството на Босна и Херцеговина добило дојава за поставена бомба
- „Експлозивни направи се поставени во во администрацијата на претседателот на Босна и Херцеговина. Тоа е поради вашите лоши односи со Руската Федерација“, се наведува во дојавата.
Сараево, 25 септември 2024 (МИА) - Во Претседателството на Босна и Херцеговина денеска пристигнала дојава за поставена бомба, јавија локалните медиуми.
„Експлозивни направи се поставени во во администрацијата на претседателот на Босна и Херцеговина. Тоа е поради вашите лоши односи со Руската Федерација“, се наведува во дојавата.
Во тек е полициска акција, јавија сараевските медиуми. зш/