Презентација на новиот систем за управување со јавните набавки во МО
- Министерката за одбрана Славјанка Петровска и бригадниот генерал Џон Баурон, советник за трансформација во Министерството за одбрана денеска ќе присуствуваат на презентација на новиот систем
Скопје, 29 март 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска и бригадниот генерал Џон Баурон, советник за трансформација во Министерството за одбрана денеска ќе присуствуваат на презентација на новиот систем за управување со јавните набавки во Министерството за одбрана.
Новиот систем чија цел е координацијата, следењето и раното предупредување на процесите за јавните набавки, соопштија од МО, е изработен во рамки на проектот „Поддршка на реформите за управување во Министерство за одбрана“ спроведуван од Центар за управување со промени (ЦУП), поддржан од Владата на Обединетото Кралство. цр/мд/