• недела, 01 септември 2024

Презентација на национално истражување за информираноста за Конвенцијата за правата на детето

Презентација на национално истражување за информираноста за Конвенцијата за правата на детето

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Народниот правобранител во партнерство со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ денеска ќе презентира наоди од спроведено национално истражување со ученици, наставници и родители за информираноста за Конвенцијата за правата на детето, ученичко учество и безбедноста во основните училишта во државава.

Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Децата на прво место!“, финансиран од Европската Унија, а со презентацијата на резултатоте се одбележува Светскиот ден на детето.

-Во знак на сеќавање на Конвенцијата за правата на детето донесена од страна на Генералното собрание на ОН на 20 ноември 1959 година, во чест на одбележувањето на 30-годишнината од ратификувањето на Конвенцијата од нашата земја, 25-годишнината од канцеларијата на Народниот правобранител во РСМ, како и тридецениската работа и заложба на Фондацијата за образовни и кутурни инцијативи за правото на квалитетно образование за сите деца во државата, соопшти Канцеларијата на Народниот правобранител.

Воведни обраќања ќе имаат Васка Бајрамовска-Мустафа, раководителка на Одделот за заштита на правата на децата при Канцеларијата на Народниот правобранител, и Сузана Киранџиска, извршна директорка на Фондација „Чекор по чекор“, а наодите од истражувањето ќе ги презентира Елизабета Марковска-Спасеноска.

По презентацијата е планирана дискусија на тема „Како до поголемо демократско учество и вклучување на учениците и до училишта без насилство? Како до поголемо разбирање и почитување на правата на детето во нашите училишта?“. хс/мд/

Фото: Фондација „Чекор по чекор“ 

Остани поврзан