Почна пошумување во атар на село Жегљане, општина Старо Нагоричане
- Почна пошумувањето во атар на село Жегљане општина Старо Нагоричане, информираа денеска од кумановската подружница на ЈП „Национални Шуми. Местото претходно беше зафатено со пожар.
Куманово, 6 ноември 2023 (МИА) - Почна пошумувањето во атар на село Жегљане општина Старо Нагоричане, информираа денеска од кумановската подружница на ЈП „Национални Шуми. Местото претходно беше зафатено со пожар.
- Најпрвин го исчистивме местото, обработено е и сега тече акцијата. Работниците се на терен и се садат садници од црн бор. На оваа површина има 51 хектар, изјави директорот на кумановската подружница Луан Бајрами.
Садниците се обезбедени од кумановската подружница. Тој најавува пошумување и на други локации согласно насоките на надлежните и стручните лица. ам/ир
Фото: МИА