• сабота, 31 август 2024

Почина Лу Добс, конзервативен американски политички коментатор и новинар

Почина Лу Добс, конзервативен американски политички коментатор и новинар

Вашингтон, 19 јули 2024 (МИА) - Конзервативниот американски политички коментатор и гласен поддржувач на Доналд Трамп, Лу Добс, почина на 78-годишна возраст, се вели во соопштение објавено синоќа од неговиот тим на Х.

-Со тешко срце објавуваме за смртта на ’Великиот Лу Добс... Лу беше борец до самиот крај – борејќи се за она што му беше најважно, Бог, неговото семејство и земјата, се вели во соопштението.

Од 1980 година наваму Добс има работено за двете главни американски телевизии „Си-ен-ен“ и „Фокс“, а водел и подкаст „Големото шоу Америка“ (The Great America Show). Зад себе ги остави сопругата Деби, децата и внуците.

Трамп го пофали Добс во објава на неговиот профил на „Трут соушал“ како „пријател и навистина неверојатен новинар, репортер и талент“.

-Тој го разбираше светот подобро од другите, беше уникатен на многу начини и ги сакаше САД, напиша Трамп, изразувајќи сочувство.

Во 2021 година, „Фокс“ престана со емитување на емисијата што ја водеше Добс откако беше обвинет дека ја користи таа платформа за ширење неосновани тврдења за изборни измами во 2020 година, и беше именуван во тужба за клевета против мрежата поднесена од „Доминион“ производител на гласачки машини. кб/

Остани поврзан