Поради пожарите затворен за сообраќај патот Неготино-Штип
- Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека поради пожарите затворен за сообраќај е регионалниот пат Неготино-Штип кај селото Пепелиште.
Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека поради пожарите затворен за сообраќај е регионалниот пат Неготино-Штип кај селото Пепелиште.
Сообраќајот е во прекин за сите видови возила во двата правца.
Во овој регион веќе неколку дена има активни пожари на неколку локации. бак/ев/
Фото: МИА архива