• сабота, 23 ноември 2024

Поради невремето во Албанија забрането испловување од Драч

Поради невремето во Албанија забрането испловување од Драч

Тирана, 22 ноември 2024 (МИА) - Капетанијата во албанското пристаниште Драч  објави дека во договор со италијанската страна, поради невремето и големите бранови, воведена е забрана за испловување од Драч кон Бари и обратно.

Силниот ветер во повеќе градови предизвика оштетување на покриви, има паднати дрвја, а во Тирана издадено е предупредување граѓаните да не  излегуваат од своите домови без неопходна потреба.

Во делови во земјата, посебно во северниот дел има прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Во меѓувреме, регистриран е и мал земјотрес, со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на потресот е во Јадранско Море на длабочина од 15 километри. вт/ссм/

Остани поврзан