• петок, 27 септември 2024

Поетесите Јулијана Величковска и Викторија Ангеловска на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција

Поетесите Јулијана Величковска и Викторија Ангеловска на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Македонските поетеси Јулијана Величковска и Викторија Ангеловска учествуваат на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција.

Двете поетеси ќе имаат по три читања во рамки на фестивалската  програма.

Дополнително, Величковска во професионалниот дел на програмата, пред директорите на поетски фестивали од Франција, Романија, Бугарија, Азербејџан и Чешка ќе одржи презентација за Скопскиот поетски фестивал и за Поетската ноќ во Велестово.

Фестивалот ќе трае до 22 септември, а учествуваат 60-тина поети од 20 земји.са/

Фото: ПНВ Публикации

Остани поврзан