• сабота, 23 ноември 2024

Пленковиќ тврди дека се обезбедени 83 пратеници, но дека преговорите се уште траат

Пленковиќ тврди дека се обезбедени 83 пратеници, но дека преговорите се уште траат

Загреб, 2 мај 2024 (МИА) - Премиерот на техничката влада на Хрватска и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, денеска изјави дека преговорите за постизборна коалиција и формирање на парламентарното мнозинство продолжуваат и дека веќе имаат повеќе од 76 заменици.

Пленковиќ пред новинарите во Чаковец изјави дека начелно обезбедиле 76 пратеници и повеќе, без малцинските партии.

-Теоретски, ако ме прашате колку раце имам, ќе ви кажам имам 83, рече Пленковиќ.

Запрашан за коментар за одбивањето на Татковинското движење да вклучи претставници на СДСС во владата, Пленковиќ изјави дека тоа не била единствената тема на преговорите.

-Кога велам дека ги приближуваме позициите, се обидуваме во нормален дијалог да ги идентификуваме и разбереме позициите, рече лидерот на ХДЗ.

На прашањето дали ХДЗ е подготвена да се откаже од соработката со СДСС, Пленковиќ кратко одговори: „Ние разговараме“.

Тој објасни дека преговорите се во тек и телефонски и физички. Постојано се разговара, вели тој.

Пленковиќ верува дека Татковинското движење ќе ја повлече кривичната пријава што претходно ја има поднесено против него, јави загрепската телевизија N1. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан