• сабота, 31 август 2024

Парична поддршка за првачињата од Општина Берово

Парична поддршка за првачињата од Општина Берово

Берово, 30 август 2024 (МИА) - На 67 првачиња, кои годинава ќе го започнат своето школување во беровските училишта, денеска им се исплатени по 5.000 денари, како поддршка од локалната самоуправа. Средствата се доделуваат со целкупување на школски прибор и други потребни работи,  за почетокот на учебната година, како дел од Програмата за образование, за 2024 година.

-Денеска, на сметките на родителите на беровските првачиња, легнаа по 5.000 денари од Буџетот на Општина Берово, со цел да им се олеснат трошоците на почетокот на учебната година.
Грижата за сите, е многу важна, а враќањето на парите назад кај граѓаните, е наша обврска, кон подобрување на квалитетот на живот, информираа од Општината.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изрази надеж дека исплатените средства ќе бидат добредојдени во периодот пред поаѓање во училиште 

-Се надевам дека тие средства ќе помогнат за родителите да им овозможат се што им е потребно за среќен почеток, на своите деца и да имаме среќни и безгрижни првачиња. Подобрувањето на условите за учење за учениците, е еден од најважните приоритети на општината а подобрување на  условите за настава, наша секојдневна работа. Со тоа им овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете, рече Пекевски 

За реализација на оваа активност, преку програмата за образование за 2024 година, од Буџетот на општина Берово за 2024 година, исплатени се вкупно 335 илјади денари. вс/са/


Фото: Општина Берово

Остани поврзан