• петок, 27 септември 2024

Папата Франциск во посета на Луксембург и Белгија

Папата Франциск во посета на Луксембург и Белгија

Луксембург, 26 септември 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска пристигна во еднодневна посета на Луксембург, во рамки на која ќе се сретне со големиот војвода од таа земја, Анри и со премиерот Лик Фројден.

Папата ќе се сретне и со католиците во катедралата Нотр Дам во градот Луксембург, пред да ја посети Белгија утре и за време на викендот.

Според податоците на Ватикан, во Луксембург има околу 271.000 католици од вкупно 654.000 жители. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан