• петок, 22 ноември 2024

ОЈО: Пронајдена марихуана во стан во Скопје, поведена истрага

ОЈО: Пронајдена марихуана во стан во Скопје, поведена истрага

Скопје, 3 август 2024 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1, а во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, во стан во кој престојувал уапсениот 25-годишник на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, полицијата на 1 август пронашла  вкупно 85,31 грам наркотична дрога – марихуана, спакувана во пет помали ќеси. Осомничениот и неговата 26-годишна соизвршителка заедно ја држеле дрогата наменета за неовластена продажба. Исто така, кај нив биле пронајдени и парични средства во евра и денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот кој и претходно бил осудуван за исто дело, како и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничената.вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан