• четврток, 26 септември 2024

Отстранети повеќе диви депонии во Чаир и Ѓорче Петро

Отстранети повеќе диви депонии во Чаир и Ѓорче Петро

Скопје, 24 август 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување две диви депонии лоцирани на улицата Цветан Димов во општината Чаир, при што се подигнати 20 кубни
метри претежно градежен и кабаст отпад.

ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека вчера се расчистени и неколку обемни диви депонии во скопската општина Ѓорче Петров, лоцирани на главната улица, како и на улиците Лука Геров и Волковска. Во рамките на активностите во оваа скопска општина се отстранети 25 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад.са/дма/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

Остани поврзан