ОН: Годинава загинаа најмногу хуманитарни работници откако се достапни податоците
- Годинава загинаа повеќе хуманитарни работници отколку во која било година од почетокот на пребројувањето, соопшти хуманитарната канцеларија на ОН, а повеќето од нив загинале во конфликтот во Газа.
Њујорк, 22 ноември 2024 (МИА) - Годинава загинаа повеќе хуманитарни работници отколку во која било година од почетокот на пребројувањето, соопшти хуманитарната канцеларија на ОН, а повеќето од нив загинале во конфликтот во Газа.
Според базата на податоци на „Aid Worker Security“, која ги евидентира случаите од 1997 година, оваа година се регистрирани 281 загинат хуманитарен работник, во споредба со 280 регистрирани во 2023 година.
Податоците покажуваат дека оваа година 178 загинале на окупираните палестински територии, вклучително и Газа, каде што загинале најмногу хуманитарни работници на Обединетите нации. Во Судан загинаа 25 работници.
„Тие луѓе ја вршат Божјата работа, а за возврат се убиени. По ѓаволите! изјави портпаролот на Канцеларијата на ОН за хуманитарна помош (OCHA) Јенс Лаерке на прес-конференција во Женева. рп/
Фото: МИА архива