• сабота, 23 ноември 2024

Норвешки студент е уапсен под обвинение дека ги шпионирал САД за Русија и Иран

Норвешки студент е уапсен под обвинение дека ги шпионирал САД за Русија и Иран

Осло, 22 ноември 2024 (МИА) - Норвешки студент на возраст меѓу 20 и 30 години е уапсен под сомнение дека шпионирал за Русија и за Иран додека работел како чувар во американската Амбасада во главниот град на Норвешка, соопштија норвешките власти.

По мажот, чие име не се соопштува, била распишана потерница од пред четири недели. Тој е партнер во безбедносна фирма заедно со лице со двојно државјанство - на Норвешка и неименувана источноевропска земја, јави, норвешката државна телевизија Ен-Ер-Ко.

Полицијата во Осло денеска соопшти дека ќе ја прегледа лиценцата на дотичната компанија за обезбедување. Норвешката домашна разузнавачка служба синоќа соопшти дека мажот бил уапсен во својата гаража во средата под сомнение дека со разузнавачка активност и наштетил на националната безбедност.

Според телевизијата, во судскиот налог се споменува и дека мажот признал дека собирал и споделил информации со руските и иранските власти.

Уапсениот студирал безбедност и борбена подготвеност на норвешкиот Арктички универзитет.

Тоа е втор ваков случај во изминативе години, поврзан со предметната образовна институција, нагласува телевизијата. зш/

Остани поврзан