• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку 13 цивили загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа

Најмалку 13 цивили загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа

Газа, 21 септември 2024 (МИА) - Најмалку 13 цивили загинаа денеска во израелски воздушен напад врз училиште во кое се сместени раселени лица во населбата Ал Зејтун, јужно од градот Газа, јавуваат палестинските медиуми.

Се додава дека десетици цивили претрпеле различни повреди во нападот на училиштето Ал-Фалах во истата населба.

Израелската армија објави дека денеска извршила воздушен напад врз група оперативци на Хамас во командна просторија сместена во поранешно училиште во градот Газа, пишува Тајмс оф Израел.

Според соопштението на израелската армија, Хамас го користел училиштето Ал-Фалах во населбата Зејтун за планирање и извршување напади врз израелската армија и израелската територија.

Израелската војска го обвини Хамас дека „систематски“ користи цивилни локации за терористички акции. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан