• вторник, 24 септември 2024

Најмалку 10 Палестинци загинаа во два израелски напада во централниот дел на Газа

Најмалку 10 Палестинци загинаа во два израелски напада во централниот дел на Газа

Газа, 23 септември 2024 (МИА) – Најмалку 10 Палестинци, меѓу кои четири деца, загинаа денеска во два израелски напади врз централниот дел на Појасот Газа, вклучително и нападот врз бегалскиот камп Нусејрат и градот Деир ал-Балах, соопштија палестински лекари.

Палестинските здравствени власти соопштија дека најмалку пет Палестинци биле убиени во училиште во Нусејрат во кое биле сместени раселени луѓе од другите делови на Појасот Газа и дека нападот врз куќа во градот Деир ал Балах, каде што се засолниле милион луѓе, уби четири деца и една жена.

Израелската војска соопшти дека гаѓала команден центар на Хамас во комплекс кој претходно служел како училиште. Војската не го спомна нападот на Деир ал Балах.

Централниот појас Газа беше погоден од поплави, вклучително и бегалските кампови во кои се сместени раселени Палестинци од другите делови на енклавата, а ситуацијата се влоши по обилните врнежи синоќа.

Повеќето од 2,3 милиони Палестинци во Појасот Газа се раселени. Повеќе од 41.300 Палестинци се убиени во Појасот Газа во израелските напади од 7 октомври минатата година, соопшти Министерството за здравство на Газа. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан