• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку десет загинати и 11 повредени во експлозија на бензинска пумпа во Русија

Најмалку десет загинати и 11 повредени во експлозија на бензинска пумпа во Русија

Москва, 27 септември 2024 (МИА) - Во експлозијата на бензинска пумпа што се случи синоќа во руската република Дагестан, на Кавказ, загинаа најмалку десет лица, а 11 се повредени, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

Министерството соопшти дека во близина на градот Махачкала, главниот град на Дагестан, изгореле техничкиот простор и кафетеријата на бензинската пумпа на површина од 500 квадратни метри.

Помош пружаа речиси 120 спасувачи, соопшти Министерството.

Во август 2023 година, 37 лица загинаа, а 119 беа повредени во експлозија на бензинска пумпа во истата област.

Ваквите несреќи се чести во Русија поради непочитување на прописите и дотраеност на објектите. паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан