• сабота, 31 август 2024

Седници на пет собраниски комисии

Седници на пет собраниски комисии

Скопје, 13 август 2024 (МИА) - Пет собраниски комисии денеска ќе имаат седници и за четири од нив тие ќе бидат први од конституирањето на новиот парламентарен состав - комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за култура и туризам, за образование, наука и спорт и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

По една точка на дневниот ред ќе имаат Комисијата за култура и туризам – Предлог-закон за изменување на Законот за културата, по скратена постапка, Комисијата за образование, наука и спорт – Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за спортот, по скратена постапка, и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство – Предлог-закон за изменување на Законот за дивечот и ловството, по скратена постапка.

На седницата на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе се разгледуваат предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, сите по скратена постапка, како и три предлог-закони во прво читање: за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и Предлог-закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да ја одржи шестата седница на која на дневен ред се: утврдување Предлог-одлука за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември"; разгледување барања за остварување на плата по престанок на функцијата заменик министер во Влада на Република Северна Македонија; разгледување барања за остварување на плата по престанок на функцијата заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија; разгледување на барање од пратеник за утврдување надомест на закупнина на стан и разгледување барање за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешен пратеник. хс/нд/

Фото: МИА архива 

  



Остани поврзан