• четврток, 29 август 2024

Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски

Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Во рамки на 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ денеска ќе биде промовирана книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски. Промотори ќе бидат проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Сашо Огненовски.

-К нигата „Балкански вознеси“, во издание на „Академска мисла“ Скопје, претставува своевидно освежување. Во ова заитано и превртено време на конфликти, недоразбирања, разградувања и непочитување ги проследува, толкува и вреднува заедничките нешта кои ги зближуваат и творечки ги обединуваат балканските литерaтури, соопштија од Дирекцијата за култура и уметност во Скопје.

Книгата содржи 20 текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на 19 век до денес. 

Васил Тоциновски на триста страници во книгата „Балкански вознеси“ е во потрага на автори и дела, појави и пројави, процеси и состојби кои градат мостови на пријателство, почит, доверба и соработка меѓу народите и државите. Настрана од дипломатијата и историјата, авторот системно и аргументирано открива нови и непознати страници од животот и делото на Андреја Д. Петкович и Кочо Рацин, се наведува во поканата за промоцијата. бт/бак/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан