Предавање-промоција на делото „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ од м-р Елизабета Јончиќ
- Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи предавање-промоција на делото „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ од м-р Елизабета Јончиќ. Настанот претставува и мало одбележување на јубилејот 90 години од раѓањето на Гане Тодоровски.
Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи предавање-промоција на делото „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ од м-р Елизабета Јончиќ. Настанот претставува и мало одбележување на јубилејот 90 години од раѓањето на Гане Тодоровски.
За книгата на Јончиќ свои излагања ќе имаат и писателката и издавач Гордана Јовиќ-Стојковска и м-р Марија Стојановска, асистентка на Педагошкиот факултет во Битола.
- Кога ќе се спомнат неологизми или кованици, најчесто првото нешто што ни паѓа напамет е нашиот класик Гане Тодоровски и неговите раскошни стихови со примери на зборотворење. Но, делото „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ е вистински новитет на ова поле, затоа што претставува првата студија кај нас за неологизмите во творештвото на една поетеса. За тоа на кој начин се конструирани новите зборови во поезијата на Мундишевска-Велјановска и кои се нивните одлики ќе зборува М-р Елизабета Јончиќ, членка на Друштвото на писателите на Македонија, се вели во соопштението од Живко Грозданоски, претседател на Друштво на писателите на Македонија.
Преку паралели со зборотворењето на Гане Тодоровски, Јончиќ ќе се обиде да одговори и на прашањето како новите зборови во современата македонска литература го отсликуваат духот на нашето време. цр/са/
Фото: Живко Грозданоски, претседател на Друштво на писателите на Македонија.