• четврток, 26 септември 2024

Латвиска делегација во посета на Собранието

Латвиска делегација во посета на Собранието

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Латвиска делегација предводена од Ингрида Левренс, заменик-државна секретарка за европски прашања и шефица на Директоратот на ЕУ денеска ќе го посети Собранието.

Како што информира собраниската прес-служба, Левренс ќе се сретне со потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања Антонијо Милошоски и со претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентите на балтичките земји Моника Зајкова. мд/аа/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан