• недела, 01 септември 2024

Муцунски: Илинден е ден кој нè потсетува на долгогодишната борба за слобода и правда

Муцунски: Илинден е ден кој нè потсетува на долгогодишната борба за слобода и правда

Скопје, 2 август 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по повод 2 Август, Илинден - Денот на Републиката, на својата фејсбук страна упати честитка до граѓаните.

-Честит 2 Август - Денот на Републиката. Илинден е ден кој нè потсетува на долгогодишната борба за слобода и правда, како и на многуте жртви дадени за нашата државност и слобода. Овој празник, исто така, ни служи како потсетник дека како наследници на хероите од АСНОМ и Крушевската република, имаме обврска да ја чуваме и сакаме нашата држава, и да обезбедиме мирен и просперитетен живот за сите граѓани, напиша министерот Муцунски во објава на својот Фејсбук профил.вј/нд/

Фото: МНР 

Остани поврзан