• недела, 01 септември 2024

Мицкоски го пречека Курти во Скопје

Мицкоски го пречека Курти во Скопје

Скопје, 5 август 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред Владата го пречека косовскиот премиер Албин Курти.

Како што прсоопштија од владината прес-служба, предвидена беше тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Курти, а потоа и билатерална средба на која покрај премиерите ќе присуствуваат и владини делегации од двете страни.

По средбата Мицкоски и Курти ќе одржат заедничка прес - конференција во Медија центарот на Владата.

Се очекува меѓу темите на разговорите да стане збор и за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром. вг/ац/

Фото: МИА/Принтскрин

Остани поврзан