Министрите на Г7 ќе разговараат за налозите на МКС следната недела
- - Министрите на Г7 на состанокот во Италија следната недела ќе разговараат за налогот за апсење на Бенјамин Нетанјаху од Меѓународниот кривичен суд, рече премиерката Џорџа Мелони нагласувајќи дека прашањето бара дополнителна анализа.
Рим, 22 ноември 2024 (МИА) - Министрите на Г7 на состанокот во Италија следната недела ќе разговараат за налогот за апсење на Бенјамин Нетанјаху од Меѓународниот кривичен суд, рече премиерката Џорџа Мелони нагласувајќи дека прашањето бара дополнителна анализа.
Израел и неговите сојузници ја осудија одлуката на МКС во четвртокот да издаде налог за апсење на израелскиот премиер, иако Турција - и групите за човекови права, го поздравија потегот.
Десничарската коалициска влада на Мелони изгледа поделена, јавија италијанските медиуми.
Министерот за одбрана Гвидо Крозето изјави во четвртокот дека Италија ќе мора да го уапси израелскиот премиер доколку тој ја посети таа држава додека заменик-премиерот на Мелони, Матео Салвини, изјави дека Нетанјаху ќе биде добредојден во Италија. зш/
фото ЕПА