• сабота, 23 ноември 2024

Министерот Тошковски учествуваше во превентивни активнoсти на Одделението за превенција при СВР Скопје

Министерот Тошковски учествуваше во превентивни активнoсти на Одделението за превенција при СВР Скопје

Скопје, 14 март 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска заедно со дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управувње со кризи и градоначалникот на Општина Сопиште, Стефче Трпковски се приклучија кон превентивно-едукативните кампањи кои ги спроведува Одделението за превенција при СВР Скопје под мотото „Да ги заштитиме шумите од пожари“, „Незаконско сечење на дрва и криминал“ и „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, информираат денеска од МВР.

Оваа активност била спроведена на подрачјето на Општина Сопиште, односно на излетничко место Козјак. Основна цел на активноста е зголемување на безбедносната култура кај жителите во општината и посетителите на ова излетничко место, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.

-Имено, за време на активноста беше потенцирано зачестеното палење на шумите при правење на скара, и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание, се вели во денешното соопштение од МВР.

Притоа, по случаен избор на присутните посетители им бил делен и едукативен материјал односно летоци, на кои билеиспишани едукативни препораки со цел подигање на безбедносната свест. сст/

Остани поврзан