• недела, 22 септември 2024

Министерот за европски прашања Муртезани во посета на Будимпешта

Министерот за европски прашања Муртезани во посета на Будимпешта

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, на покана на унгарскиот министер за ЕУ прашања Јанош Бока, денеска престојува во работна посета на Унгарија.

На средбата во Будимпешта предвидено е да се разгледаат можностите за унапредување на процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, за време на актуелното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ, сопшти Министерството за европски прашања.

Ќе се разговара и за билатералната соработка и нејзино продлабочување преку заеднички проекти, како и за Планот за раст и Реформската агенда и регионалните иницијативи.са/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан