• сабота, 23 ноември 2024
МИА Флеш

  5 ноември 2024

 

Скопје - Денот на ромскиот јазик е потсетник дека мораме да го зачуваме овој јазик, да го негуваме и да се погрижиме дека ќе продолжи да живее и да се развива. Грижата за јазикот е и грижа за иднината на ромската култура и нејзините вредности. Со поддршката на образованието, културните манифестации и меѓународните иницијативи, можеме да бидеме сигурни дека ромскиот јазик ќе продолжи да биде дел од нашето културно богатство, истакна премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на Меѓународниот ден на ромскиот јазик.

Мицкоски рече дека во последните неколку децении се прават сериозни напори за заштита и унапредување на ромскиот јазик и кутлура но дека се уште има многу предизвици бидејќи ромскиот јазик е под закана од губење поради асимилиација и недостатокот од системска поддршка.

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од вчера е во работна посета на Прага, Чешка. Во рамките на посетата, тој утрово заедно со министерката за енергетика, Сања Божиновска, оствари средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек, а по средбата имаа свое обраќање на македонско-чешкиот бизнис форум, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Скопје – Во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција. Претпоставувам дека ќе следат поголем број на случаи кои се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на Скај апликацијата која ни е дадена од нашите меѓународни партнери, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Нагласи дека постојат огромен број на докази во рамки на доказниот материјал прибавен преку оваа апликација којшто се анализира од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Скопје - Дваесетиот состанок на Конференцијата на парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на земјите вклучени во Процесот за стабилизација и асоцијација на Југоисточна Европа (COSAP/КОСАП), на која учествуваа делегации на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Турција и Грузија, беше обележана со дискусија на следните теми: Политика за проширување на Европската Унија: Патот напред, како и регионалната соработка во Западен Балкан. Комисијата за евроинтеграции на Парламентот на Република Северна Македонија ја претставуваа членовите на Комисијата за европски прашања - Мимоза Муса и Митко Трајчулеска.

Скопје - Катедра на ромски јазик на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, културни центри во Скопје и во четири други поважни градови, 30.000 граматики, буквари и исто толку речници на ромски јазик, се само дел од барањата што денеска ги соопшти министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу, по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик.

Битола - Избришан од Централен регистер на Македонија, бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ со седиште во Битола приреди провокација во пресрет на денот на ослободувањето на градот и токму затоа доставив поднесок до Основното јавно обвинителство, изјави за МИА, Весна Бендевска, потпретседател на македонското Собрание.

Според Бендевска, провокациите на непостоечкиот, а сепак според информации во јавноста активен бугарски клуб „Ванчо Михајлов“, се насочени против националните чувства на македонскиот народ.

Скопје - Амбасадата на Грција во Северна Македонија започнува серија проекции на грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“. Целта на проекциите, како што нагласуваат од амбасадата, е да се претстават современите грчки филмови кои се многу сакани во Грција, но и во странство.

Прилеп - Центарот за култура „Марко Цепенков“ го доби проектот за изградба на нов театар во Прилеп. Од Министерството за транспорт и врски се чека одобрение за градба, а од Министерството за култура и туризам средства за реализација во програмата за 2025 година.

Белград – Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, денеска поднесе оставка од функцијата поради несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 14 лица, пренесе Бета.

Весиќ синоќа најави дека ќе го стори тоа, а денеска поднесе оставка до Владата на Србија, напиша самиот на социјалната мрежа (Х).

Белград - Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград имаше разговори со министерот за национална одбрана на Република Грција, Николаос Дендијас, јави дописникот на МИА од Белград.

-Со министерот Дендијас разговаравме за сите теми од заемен интерес во областа на одбраната и безбедноста, унапредување на воената соработка и соработка во рамките на мировните мисии, како и за политичко-безбедносната состојба во регионот, напиша Вучиќ на свјот Инстаграм профил.

Белград - Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полициските службеници на Службата за организиран криминал на УКП вчера уапсиле четири лица, додека по едно лице интензивно се трага, за кое се сомничи дека е припадник на кавачкиот клан, кој следел и подготвувал убиство на Лука Бојовиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Полициски службеници на Службата за борба против организиран криминал на Управата за криминалистичка полиција по интензивна работа на територијата на град Белград попладнето уапсиле четири лица, додека во тек е интензивна потрага по едно лице за кое постои основано сомнение дека како членови на кавачкиот клан, вршеле следење и подготвувале убиство на Лука Бојовиќ, изјави Дачиќ. 

Брисел – Дел од членовите на пратеничките групи на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), либералната „Да ја обновиме Европа“ и Зелените во Европскиот парламент, најавуваат дека нема да го поддржат именувањето на Италијанецот Рафаеле Фито за извршен претседател на Еврокомисијата задолжен за кохезија и реформи. 

- Именување на Фито на функцијата извршен потпретседател за нас претставува црвена линија, изјави шефот на француската делегација во СД, Рафаел Глуксман. 

Атина – Грчката полиција разби група која со физичко насилство крадела ланчиња што луѓето ги носеле на врат, уапсено е 21 лице и расчистени се 129 случаи на кражби во Атина, меѓу кои, според медиумите во Грција и онаа на атинска плажа, кога непланирано беше пренесена во живо за време на линк на телевизијата „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од уапсените, 14 се малолетници, а во обвинението вклучени се и 48 други лица од кои 11 се во затвор.

Групата, кражбите најчесто ги вршела во јавниот превоз во Атина, пред сè во метрото и трамвајот, но и на централни плоштади.

Приштина – Поранешниот премиер и актуелен пратеник на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, Авдула Хоти ја критикува Владата поради, како што вели, четвртата по ред изгубена година за капитални инвестиции во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоти на својата страница на Фејсбук објави дека во првите девет месеци од годинава, Владата на Албин Курти реализирала само 325 од предвидените 913 милиони евра за капитални инвестиции.

Женева - Повеќе од 100 пациенти, меѓу кои и деца кои страдаат од траума и хронични заболувања, утре ќе бидат евакуирани од Газа, изјави денеска претставникот на Светската здравствена организација за окупираната палестинска територија, Рик Пеперкорн. 

-Ова се ад хок мерки. Она што цело време баравме е воспоставување постојана медицинска евакуација од Газа, рече Пеперкорн, додавајќи дека 12.000 луѓе чекаат да бидат евакуирани. 

Вашингтон – Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, повторно постави лажни очекувања во врска со пребројувањето на гласовите за американските избори, инсистирајќи на резултат во изборната ноќ, јави ДПА.

- Го сакаме одговорот вечерва, рече 78-годишниот кандидат на својот последен митинг во Гранд Рапидс во сојузната држава Мичиген.

Трамп веќе ги разбранува своите поддржувачи во претходните денови со неосновани наводи за изборна измама.

Вашингтон - Победникот на денешните претседателски избори во САД би можел да биде одлучен според гласовите на жените ширум земјата, покажува анкетата спроведена од Си-Би-Ес Њуз.

Во анализата на резултатите од истражувањето се наведува дека потенцијално одлучувачките гласови им припаѓаат на жените во седум „свинг“ сојузни држави, односно оние држави за кои однапред не се знае кој кандидат ќе победи на нивната територија.

Нешвил - Американското Министерство за правда соопшти дека федералните агенти го уапсиле Скајлер Филипи (24) од Тенеси, поврзан со групата бели националисти, кој се обидел да користи беспилотно летало натоварено со експлозив за да уништи енергетски објект во Нешвил.

Според судските документи, Филипи е обвинет дека планирал да прикачи неколку килограми експлозив Ц-4 на дрон и да го искористи за напад на трафостаница во Нешвил.

Неодамна откриените судски документи покажуваат дека во јули, Филипи наводно му рекол на доверлив извор, кој работел со ФБИ, дека сакал да нападне неколку трафостаници за да го „оневозможи системот“.

Њујорк - Амбасадорот на Израел во Обединетите нации ја обвини Турција за „злонамерност“, откако Анкара го предаде писмото потпишано од 52 држави во кое се повикува на „замрзнување“ на испораката на оружје за Израел поради војната во Газа.

„Што друго може да се очекува од земја чии постапки се водени од злото во обид да се создаде конфликт со поддршка на земјите од 'Оската на злото'“, рече амбасадорот Дени Данон, користејќи навредлив термин за да ги опише арапските земји кои го потпишаа писмото.

Москва – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ги осудува претседателските избори во Молдавија како нефер бидејќи стотици илјади Молдавци кои живеат во Русија немаа право на глас, додека на граѓаните на Молдавија кои живеат на Запад им беше дозволено да гласаат.

- Тоа не може да не влијае на изборните резултати, кои во исто време не можат да се сметаат за фер, изјави Песков, наведувајќи дека изборната кампања во Молдавија не може да се нарече демократска и фер.

Киев - Шест лица загинаа, а девет се ранети во рускиот напад утринава врз градот Запорожје, на југот на Украина, соопшти регионалниот гувернер.

Тоа беше смртоносен напад врз инфраструктурен објект, напиша гувернерот Иван Федоров на Телеграм.

Тој додаде дека по ударот на тоа место избувнал пожар.

Тел Авив – Повеќе од 60 оперативци на организацијата Народен фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) се уапсени за време на операции на Западниот Брег и во Либан, соопштија во заедничко соопштение израелската армија (ИДФ) и Шин Бет.

Меѓу уапсените на Западниот Брег била и Абла Садат, претседателка на Здружението на женски комитети на ПФЛП, како и сопругата на лидерот на ПФЛП, Ахмад Садат, кој е во израелски притвор од 2006 година, пишува Тајмс оф Израел. Уапсен е и активистот Тарир Бадран Габер од Рамала.

Исламабад - Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денеска, говорејќи за можниот одговор на израелските напади во Иран, извршени на 26 октомври, изјави дека неговата земја не бара ескалација, но има право на легитимна одбрана.

-За разлика од Израел, Исламската Република Иран не бара ескалација, но го задржуваме неотуѓивото право на легитимна одбрана, рече Аракчи во Исламабад, Пакистан на заедничката прес-конференција со неговиот пакистански колега, Исхак Дар.

Техеран - Уапсена е Иранка која се соблече на јавно место во својата татковина во знак на протест поради малтретирањето од страна на безбедносните служби, пренесоа француските медиуми.

Младата жена, која е студентка на престижниот Универзитет „Азад“ во Техеран, била малтретирана од безбедносни агенти кои сметале дека таа не го почитува задолжителниот исламски кодекс на облекување. Во знак на протест, младата жена се соблече во долна облека пред универзитетот. Нејзиниот протест беше снимен, а видеото беше поставено на социјалните мрежи и предизвика живи дискусии. Жената е уапсена, а од нејзиното апсење, нејзината судбина останува непозната. цр/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан