• сабота, 23 ноември 2024

Меџити: Не правиме разлики во инвестициите, како што правеше претходната влада со Тетово и Чаир, утре започнуваат интензивните градежни работи на Коридорот 8

Меџити: Не правиме разлики во инвестициите, како што правеше претходната влада со Тетово и Чаир, утре започнуваат интензивните градежни работи на Коридорот 8

Скопје, 27 октомври 2024

Меџити: Не правиме разлики во инвестициите, како што правеше претходната влада со Тетово и Чаир

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, соопшти дека актуелната влада не прави разлики при распределбата на буџетот за инвестиции по општините, како што правеше претходната влада со Тетово и Чаир.

„Ова е првпат една влада да не прави разлики, како што тие тоа го правеа во минатото со Чаир и Тетово, кои беа единствени од 80 општини што не добија ниту еден денар од буџетот на Северна Македонија. Ние не го правиме истото, ние ги третираме општините без оглед на припадноста, бидејќи таму се нашите граѓани, ние сме за граѓаните, и тие градоначалници се избрани од граѓаните,“ изјави Меџити.

Меџити: Утре започнуваат интензивните градежни работи за Коридорот 8

Првиот вицепремиер на Владата, Изет Меџити, вели дека нема разлики меѓу коалициските партнери во Владата за Коридорот 8, пишува весникот ЛАЈМ.

Меџити истакна дека утре ќе започнат интензивните градежни работи за изградба на Коридорот 8. „Коридорот 8 е исклучително важен коридор за Република Северна Македонија. Ве известувам дека утре, заедно со премиерот и министерот за транспорт, со претставниците на компаниите Bechtel & Enka, ќе бидеме на терен на почетокот на интензивните градежни работи на Коридорот 8. Значи, додека другите зборуваат, ние работиме. Утре ќе бидеме во населбите Гостивар-Букојчан, на тој сегмент каде што ќе започнат интензивните градежни работи на Коридорот 8,“ изјави Меџити.

Меџити: За прв пат Северна Македонија има издвоено 1 милијарда евра за општините во текот на еден мандат

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, изјави дека за прв пат се случува Владата на Северна Македонија да има издвоено 1 милијарда евра за следните 4 години во текот на мандатот за конкретни проекти на општините.

„Додека оваа година, иако е половина година, веќе се одобрени над 60 милиони евра инвестиции во конкретни проекти за општините, или поточно 271 проект, додека се предвидува до крајот на годината да се заокружи со 100 милиони евра за сите општини, што ќе надмине 300 проекти кои решаваат конкретни проблеми и го подобруваат животниот стандард на граѓаните“, истакна Меџити.

Според него, овие инвестиции ja покажуваат разликата или промената во пристапот на оваа влада, која не е само декларативно проевропска, туку и со инвестиции и конкретни проекти.

„Не е доволно само да се наречеме дека сме за европски вредности, туку со инвестиции и конкретни проекти да се приближиме до европските стандарди, уредувајќи некаде патната инфраструктура, некаде училиштата, некаде градинките, некаде туризмот и многу сегменти кои реално за 1 месец ќе бидат видливи на терен низ Македонија, со конкретна работа во секоја општина, во секое населено место,“ додаде Меџити.

Меџити му одговори на Ахмети: Албанците си го добиваат својот дел, ние ви ги исправаме вашите грешки

Првиот вицепремиер Изет Меџити одговори на обвинувањата на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, кој пред неколку дена рече дека актуелната власт ги понижува Албанците и ја покани коалицијата ВЛЕН да излезе од владата.

Меџити ги отфрли овие изјави на Ахмети, велејќи дека Албанците од оваа влада си го добиваат својот дел.

„Албанците добиваат многу удел во буџетот на Република Северна Македонија. Значи, добиваат некаде околу 30 милиони евра само во оваа половина година, а тоа го добиваат и општините кои не се ВЛЕН, а се ДУИ. И да ги седнете без камери и искрено да разговарате, велат подобро ни било кога ДУИ е во опозиција отколку кога ДУИ била во Влада. Изненадени сме што немаме проекти толку колку што Владата обезбедува средства за реализација на конкретни проекти за граѓаните. Тоа е првпат една влада да не прави разлика како во минатото, кога Чаир и Тетово не добија ниту денар од буџетот на Македонија. Не држи констатацијата на г.Ахмети“, рече Меџити.

Ставови на Првиот вицепремиер на Владата, Изет Меџити, во интервјуто за Лајм

Демократско движење

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан