• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - На 21.11.2024 во 07.15 часот на околу еден километар од тунелите Демир Капија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Д.П.(37) од Богданци.

Во близина на возилото „ауди а6“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. Претходно, тој бил забележан на автопатот „Пријателство“ после клучката Демир Капија, во правец на Гевгелија, како со возилото ги превезува мигрантите.

По преземени мерки и активности, возилото и мигрантите биле пронајдени. Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а Д.П. бил задржан во Полициската станица Неготино и против него, по брза постапка, е поднесена кривична пријава по член 418 – б од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.  Д.П. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

На 21.11.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ч.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.11.2024 во 19.10 часот во Скопје, од угостителски објект на подрачјето на Центар,  полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.11.2024 во 19.45 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Г.(28) од с. Долно Строгомиште, Кичевско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.11.2024 во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 На 21.11.2024 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода В.П.(22) од Пробиштип, со престој во Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.11.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(19), удрило во Н.П.(69), двете од Скопје.

Од здобиените повреди на местото на настанот починала Н.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобила А.Џ., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. По наредба на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

На 21.11.2024 во 13.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.„Ленинова“  во Струмица, патничко возило „сеат кордоба“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(33) од с.Радичево, општина Василево, удрило во велосипед управуван од В.Е.(54) од с.Сачево, Струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

На 21.11.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Центар, И.Р.(65) од с.Глумово, Скопско, пријавил дека на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 21.11.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Велес, Л.Ф.(51) од село Мамутчево, Велешко, пријавила дека на улица „11 Октомври“ во Велес била касната од куче скитник. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан