• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - На 20.11.2024 во 15.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.П.(40) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и две дигитални ваги. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.11.2024 во 17.00 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(31) од с.Средно Коњари, скопско.  При претрес во неговото патничко возило „бмв“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол „Чешка зброевка“, еден карабин со оптички нишан и куршуми. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.   

На 20.11.2024 во 13.20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.М.(21) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Р.М. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 20.11.2024 во 13.00 часот во с.Ростуше, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го привеле А.Б.(55) од село Јанче, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 20.11.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 20.11.2024 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Е.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.11.2024 во 20.15 часот на Граничниот премин Деве Баир, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.И.(20) од Украина, затоа што при пасошка и гранична контрола на увид приложил фалсификувана возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 20.11.2024 во 10.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.С.(43) од с.Драчевица, општина Студеничани, затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 20.11.2024 во 13.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лондонска“ и ул.„Варшавска“ во Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.О.(35) од Скопје, удрил во малолетничка, а потоа и во паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Ф.С.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 20.11.2024 во 15.10 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.Д.(72) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 20.11.2024 во 14.08 часот во Полициската станица Велес, З.Д.(44) од Велес пријавил дека на улица „Вера Циривири“ во Велес бил каснат од куче скитник. 

 

 

 

Остани поврзан