• сабота, 23 ноември 2024
МВР Билтен

Скопје, 13 октомври 2024 (МИА) - На наплатна станица Миладиновци во Скопје, вчера околу 09:30 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Ш.К.(32) од Косово. При контрола во патничкото возило „мерцедес" со косовски национални ознаки, кое го управувал, во кое бил со уште едно лице, била пронајдена поголема количина стока за која не поседувал никаква документација и околу 40 парчиња бланко бугарски зелени картони. Пронајденото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

Вчера во 17.40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.И.(47) од с.Горно Седларце, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуaна и бела прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана, ловечка пушка и куршуми за пушката. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска во 04.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) од село Трубарево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Скопје, на подрачјето на Карпош, денеска во 01:20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Т.(33) од Скопје затоа пто кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Скопје, на подрачјето на Центар,  вчера во 16:50 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(40) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Скопје, вчера во 22:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Вчера во 22.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во село Кондово, општина Сарај, вчера во 23:50 часот полициски службеници од  Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишиле од слобода Ф.Х.(22) од село Кондово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 13.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(20) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Полициската станица Гостивар вчера во 16:55 часот било пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, товарно возило „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Гостивар, удрило во велосипед „конект“ управуван од С.И.(71) од Гостивар. Од здобиените повреди на местото починал возачот на велосипедот С.И., а лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.

Вчера во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(47) од Скопје, удрило во електричен тротинет управуван од Ш.Д.(63) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во СВР Скопје вчера во 19:15 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Алија Авдовиќ“ и ул.„9“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(52) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Раштак, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.8“ во населба Илинден, скопско, патничко возило „фиат пунто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(43) од село Трновац, кратовско, удрило во пешак Г.Н.(74) од село Лозаново, кривопаланечко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

Во Полициското одделение Петровец, вчера во 12:15 часот Љ.М.(70) од Куманово пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Петровец, скопско бил каснат од куче скитник.

Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Центар, Д.Б.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Во Полициската станица Гази Баба, вчера во 21:10 часот О.С.(44) од село Инџиково, скопско, пријавил дека на ул.„Маџари “ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан