• недела, 01 септември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против С.Т.(60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на исправа со невистинита содржина“.

Во текот на 2022 пријавениот, адвокат од Ресен, со свој потпис и печат оверил два договори за купопродажба на недвижен имот, кои ги употребил при солемнизација пред нотар во Тетово, а притоа се потпишал и во графата продавач, за што употребил полномошно со невистинита содржина од 94 – годишно лице, кое било починато пред повеќе од два месеци пред заверката. Изготвените договори и полномошно ги искористил наведувајќи податоци од патна исправа, издадена од странска земја на име на починатиот. Исто така, договорот за купопродажба на недвижен имот од 14.07.2022, пријавениот го употребил за солемнизација на нотар и притоа навел податоци од патна исправа издадена од странска земја и употребил полномошно со невистинита содржина, а полномошник било починатото лице. Недвижниот имот, сопственост на наследникот на покојниот, пријавениот го оттуѓил на трето лице и се здобил со противправна имотна корист во износ од 2.273.965 денари, исплатени на негова сметка.

На 22.08.2024 во 23 часот во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода А.В.(52) и О.Г.(47), двајцата од Струмица, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.08.2024 во 13:20 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека околу 12.45 часот, при вршење на претрес на лица и простории во установата, притвореникот Д.С.(45) фрлил марихуана и бела прашкаста материја во канта за отпадоци, кои биле пронајдени и одземени. Исто така, од него биле одземени шприц, ризли и други предмети. Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги подигнале дрогата и предметите за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Велес поднесе кривична пројава против А.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.07.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, канабис, дигитална вага и пари.

На 20.08.2024 во 20.40 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.Н.(28) од село Добрево, пробиштипско. Според пријавеното, тој се здобил  со повредите при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско. Увид извршиле полициски службеници од ОВР Пробиштип и за настанот бил известен јавен обвинител.

На 22.08.2024 во 21 часот во СВР Скопје, Д.Т.(64) од Скопје пријавил дека на 21.08.2024 околу 22 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(44) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза“. На 08.08.2024 во тетовско, полициски службеници извршиле преглед над возило, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека во возилото превезува тутунски производи во вредност од 374.475 денари за кои не платил акциза.

На 21.08.2024 во 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Ф.(43) и Д.К.(34), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.08.2024 во 19:30 часот во СВР Скопје, Н.К.(67) од Скопје пријавил дека околу 16.45 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Ф.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против А.Т.(24) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 19.03.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.   

На 22.08.2024 во 20:14 часот во СВР Штип, О.С.(38) од Струга пријавил дека на улица „Панче Караѓозов“ во Штип бил физички нападнат од З.Д.(42) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.В.(19) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.09.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

На 22.08.2024 во 13:15 часот во СВР Скопје, Е.М.(36) од село Љуботен, скопско, пријавил дека на 20.08.2024 околу 21:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 22.08.2024 во 13:45 часот во Полициската станица Аеродром, С.П.(42) од Скопје пријавила дека на 21.08.2024 од неколку профили на социјални мрежи добила пораки со заканувачка содржина, а биле објавувани и нејзини фотографии од нејзиниот Фејсбук профил. Известена е Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 19.03.2024 во Тетово, пријавениот физички нападнал малолетник.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, претставувајќи се како менаџер на правно лице и лице со овластување за склучување на договор во име на правното лице, довел во заблуда лице од гостиварско на тој начин што склучиле преддоговор за купопродажба на стан во вредност од 40.000 евра, по што лицето му исплатило 25.000 евра, а кој стан претходо го продал на друго лице.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.А.(43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство. На 21.07.2024, пријавениот на социјална мрежа упатил закани на неговата поранешна сопруга и членови на нејзиното семејство.ар/лв/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан