• понеделник, 26 август 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 25 август 2024 (МИА) - На 24.08.2024 во 23 часот на ГП Свети Наум, на влез во РСМ се пријавил Л.Х. (29) од Р.Албанија кој дошол со патничко моторно возило „порше панамера“ со албански национални ознаки и по извршени гранични проверки, констатирано е дека возилото е пријавено за украдено во Норвешка и постои во базата во Интерпол.

Возилото е одземено, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (25.08.2024) во 00.00 часот во населбата Елешац во Охрид полициски службеници од СВР Охрид го привеле Е.М.(43) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (25.08.2024) во 01.30 часот во Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го привеле С.М.(45) од Кичево поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.08.2024 во 14.55 часот во СВР Скопје Б.А.(69) од Скопје пријавила дека околу 10.00 часот на подрачјето на Центар едно лице со употреба на сила и одзело личен накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

  На 24.08.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје 67-годишна жена пријавила дека околу 12.00 часот во домот на подрачјето на Бит-пазар била физички нападната од нејзиниот син Г.М.(43) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 24.08.2024 во 23.15 часот во СВР Скопје М.М.(41) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Бит-пазар била физички нападната од А.Н.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 На 24.08.2024 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Р.(22) и Ѓ.Р.(27) од една страна и Л.Ѓ.(49) и Т.Ѓ.(53) од друга страна, сите од с.Баница, Струмичко.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 24.08.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје 53-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот сопруг М.И.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Д.Х.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.186 ст.7 од КЗ на РСМ.

Имено на 24.08.2024 во паркот во Чаир во Скопје допирал малолетник по телото. 

На 24.08.2024 во 22.10 часот во СВР Струмица Т.А.(53) од с.Сарај, Струмичко, пријавил дека околу 01.00 часот во Струмица, во близина на угостителски објект, бил физички нападнат од неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.08.2024 во 20.35 часот во СВР Струмица Г.М.(41) од с.Баница, Струмичко, пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка С.М.(15).

Според пријавеното, таа најверојатно отишла кај нејзиното момче Т.Т.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 24.08.2024 во 22.20 часот во СВР Струмица М.Г.(38) од с.Василево пријавил дека околу 21.00 часот бил физички нападнат од неговиот сосед Д.Р. и неговата сопруга, а претходно му оштетиле и стакло од неговиот дом.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.08.2024 во 16.25 часот во СВР Скопје З.Д.(52) од Скопје пријавила дека околу 07.30 часот на подрачјето на Центар едно лице со употреба на сила и одзело личен накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.08.2024 во 13.00 часот во ОВР Прилеп 33-годишна жена пријавила дека на 19.08.2024 околу 21.00 часот била физички нападната од нејзиниот партнер А.В. кој исто така и се заканувал со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 24.08.2024 во 20.20 часот во ОВР Крушево Д.К.(45) пријавил дека околу 20.00 часот пред продажен објект во Крушево бил физички нападнат од З.С., двајцата од Крушево.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 24.08.2024 во 12.15 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека во Свети Николе настанал пожар во куќа сопственост на А.З.(44), кој настанал при изведување градежни работи.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан