• сабота, 23 ноември 2024

Магла на патот село Лисец - Попова Шапка

Магла на патот село Лисец - Попова Шапка

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Намалена видливост поради појава на магла од 40  до  50 метри има на патниот правец село Лисец – Попова Шапка, информира АМСМ во вечерниот извештај за состојба на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ потсетува дека е во сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан