• сабота, 23 ноември 2024

МААЕ: Нуклеарната централа Запорожје е во „исклучително сериозна“ состојба

МААЕ: Нуклеарната централа Запорожје е во „исклучително сериозна“ состојба

Виена, 9 април 2024 (МИА) – Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека безбедноста на нуклеарната електрана Запорожје во Украина не била директно загрозена од нападот со дрон, што предизвика експлозијата.

Но, МААЕ потенцира дека Запорожје е во „исклучително сериозна“ состојба.

МААЕ соопшти дека експлозијата се случила во тренинг центарот до електраната и дека добиле информација дека причината е напад со дрон. Се претпоставува дека МААЕ била информирана од руска страна.

Русија и Украина често меѓусебно се обвинуваат за напади околу најголемата електрана во Европа, која е под контрола на Русија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан