• недела, 22 септември 2024

Либанско МЗ: Бројот на загинати се искачи на 45 од израелскиот напад врз Бејрут

Либанско МЗ: Бројот на загинати се искачи на 45 од израелскиот напад врз Бејрут

Бејрут, 22 септември 2024 (МИА) - Бројот на загинати во израелскиот воздушен напад, чија цел беа воени команданти на Хезболах во јужните предградија на Бејрут оваа недела се искачи на 45, соопшти денеска либанското Министерство за здравство.

„Бројот на загинатите се искачи на 45 лица“, се вели во соопштението на министерството, ажурирајќи го претходниот биланс од 37 од нападот во петокот. Се додава дека „работата продолжува на отстранување на урнатините трет ден по ред“ и дека примерок од ДНК ќе се користи за да се утврди идентитетот на некои од телата.зш/

Остани поврзан