• сабота, 23 ноември 2024

Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор

Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор

Приштина, 11 ноември 2024 (МИА) - Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека треба да се спроведе минатогодишниот Договор за нормализација на односите со Србија и оти очекува „дополнително инсистирање“ од Европската комисија за потпишување на тој договор.

„Тоа е најновиот договор што го имаме и тоа е договор во кој јас учествував и го прифатив“, рече Курти одговарајќи на прашањето дали Вашингтонскиот договор би бил прифатлив за него, доколку новата американска администрација инсистира на негова имплементација.

„Да почнеме со најновиот договор, кој е сеопфатен, бидејќи ги нормализира односите меѓу Косово и Србија преку меѓусебно де факто признавање“, додаде Курти.

Минатата година Косово и Србија усно го прифатија Договорот за пат кон нормализација на односите во рамките на дијалогот со посредство на Европската унија и нејзиниот анекс од Охрид.

Во 2020 година, тогашниот премиер на Косово, Авдулах Хоти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потпишаа договор во Белата куќа, главно за нормализација на економските односи меѓу Косово и Србија, а Курти подоцна остро го критикуваше како неуставен. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан