• петок, 27 септември 2024

Косовската полиција постави бетонски пречки за камиони кај Брњак (КРГ)

Косовската полиција постави бетонски пречки за камиони кај Брњак (КРГ)

Приштина, 26 септември 2024 (МИА) - Косовската полиција денеска постави бетонски бариери на мостот кај Брњак, на северот на Косово, потврди вршителот на должност директор на Регионалната полиција Север, Ветон Ељшани, јавува Бета, коригирајќи ја претходната вест кога јави за бетонски пречки кај Бањска.

Тој изјави дека целта на поставувањето на пречките е да се спречи шверцот.

- Бетонските пречки се поставени со цел да се спречи премин на камиони, додека автомобилите можат да го преминуваат мостот, појасни Ељшани. ссм/

фото: архива

Остани поврзан