• сабота, 23 ноември 2024

Колективна изложба „Без наслов“ со 100 уметнички дела отворена вчера во Тетово

Колективна изложба „Без наслов“ со 100 уметнички дела отворена вчера во Тетово

Тетово, 22 ноември 2024 (МИА) - Во организација на Центар за култура „Иљо Антески-Смок“, Тетово вчеравечер свечено беше отворена колективна изложба „Без наслов“ со изложување на 100 дела од домашни и странски уметници.

Од центарот информираат дека преку големиот број уметнички слики и дела авторите понудиле страст, посветеност и креативност, а разновиден е уметничкиот израз - од реализам до апстракција, од експресионизам до концептуализам,

-Колективната изложба претставува колекција од интересни уметнички дела, разновидни, како во смисла на креативна типологија, жанровски и стилски. Го носи релјефот на многу земји, Германија, Јордан, Црна Гора, Косово, Албанија, Северна Македонија. Ова изложба соединува во една точка креативност од последните години на многу сликари, графичари, чии дела ја комплетират колективната имагологија на една ретка уметничка убавина. Има многу дела, преку 100 дела и имиња на автори кои уште еднаш ни го докажуваат долгиот и макотрпен пат кој го има уметноста, каде професионалноста и уметничката оригиналност излегуваат на површина и кои според мене континуирано се натпреваруваат со светот и цивилизицијата, истакна во освртот на изложбата универзитетскиот професро Арлинд Фаризи.

Кустос на изложбата е Јасмина Крстоска. Оваа е последна изложба за 2024 година која се организира во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.ас/са/

Фото: Центар за култура 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан