Казнети 118 возачи во Скопје, 37 за брзо возење
- Сто и осумнаесет возачи се казнети во Скопје, од кои 37 за брзо возење, во сообраќајна контрола вчера од Секторот за внатрешни работи Скопје.
Скопје, 23 декември 2023 (МИА) - Сто и осумнаесет возачи се казнети во Скопје, од кои 37 за брзо возење, во сообраќајна контрола вчера од Секторот за внатрешни работи Скопје.
-Изречени се пет санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло..., информира Министерството за внатрешни работи.
МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. хс/лв/
Фото: МИА архива