• петок, 27 септември 2024

Израел изведува „прецизни воздушни напади“ врз Бејрут, бројот на раселени во Либан расте

Израел изведува „прецизни воздушни напади“ врз Бејрут, бројот на раселени во Либан расте

Бејрут, 26 септември 2024 (МИА) - Израелската армија соопшти дека изведува „прецизни воздушни напади“ врз главниот град на Либан, Бејрут.

Според израелските медиуми се чини дека главна цел на нападот во Бејрут е командант на Хезболах.

Во јужните предградија на либанската престолнина се гледа чад и се слушаат звуци од експлозии, велат очевидци.

Обединетите нации претходно денеска соопштија дека над 90.000 луѓе се раселени во Либан, покрај дополнителните 110.000 лица кои ги напуштија своите домови од 7 октомври.

Министерот за надворешни работи на Либан, Абдулах Бу Хабиб, проценува дека бројот на раселени лица во Либан се приближува до „половина милион“. ссм/

Остани поврзан