Заедничка вежба на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција
- Припадници на Мировните сили на НАТО во Косово (КФОР) и Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС (ЕУЛЕКС) заедно со косовската полиција од денеска до 25 ноември ќе изведат заедничка вежба „Златна сабја 2024“ во базата Врело во Приштина, соопшти КФОР
Приштина, 22 ноември 2024 (МИА) – Припадници на Мировните сили на НАТО во Косово (КФОР) и Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС (ЕУЛЕКС) заедно со косовската полиција од денеска до 25 ноември ќе изведат заедничка вежба „Златна сабја 2024“ во базата Врело во Приштина, соопшти КФОР.
Вежбата, во која учествуваат околу 600 припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција, ќе ја тестира примената на процедурите за управување со кризи во различни сценарија поврзани со безбедноста.
- Златна сабја 2024, е вистинска демонстрација на заедничката работа на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција за поддршка на трајната безбедност на Косово и регионалната стабилност, се наведува во соопштението на КФОР. ми/
фото: ЕПА