До словачкиот премиер Роберт Фицо испратено писмо со куршум
- Писмо со куршум адресирано до словачкиот премиер Роберт Фицо пристигна денеска во словачката Влада, соопшти денеска неговата прес-служба.
Братислава, 25 септември 2024 (МИА) - Писмо со куршум адресирано до словачкиот премиер Роберт Фицо пристигна денеска во словачката Влада, соопшти денеска неговата прес-служба.
Според извештаите, куршумот бил пронајден откако сомнителниот плик бил земен за последователна рендгенска проверка, јавува словачкиот портал Плус 7 Дни.
Се додава дека писмото пристигнало од непознат испраќач.
Портпаролот на регионалната полиција во Братислава, Михал Зеиф ја потврди веста и додаде дека полицијата истражува.
Фицо на 15 мај годинава преживеа обид за атентат во кој беше тешко повреден. рп/
Фото: МИА архива