• сабота, 31 август 2024

До сабота променливо и нестабилно време, од недела сончево и потопло

До сабота променливо и нестабилно време, од недела сончево и потопло

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, повремено како локално невреме со пообилен пороен дожд, ветер и град, соопшти УХМР.

Од недела ќе има повеќе сончеви периоди и ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Најсвежо преку денот ќе биде утре и во сабота, а потоа температурите постепено ќе се покачуваат. 

Фото: МИА

Остани поврзан