• сабота, 31 август 2024

Димитриеска Кочоска: Ќе работам за економски раст, капитални инвестиции, правилна дистрибуција на капиталот, пониски даноци

Димитриеска Кочоска: Ќе работам за економски раст, капитални инвестиции, правилна дистрибуција на капиталот, пониски даноци

Скопје, 23 јуни 2024

Јас како и сите вие, ги споделуваме истите грижи, се будиме со истите проблеми за кои посакуваме решенија. Предолго државата беше ставена на маргините.

Не сум човек кој се помирува со зададената судбина, затоа што цврсто верувам дека на крајот сите ние ја создаваме промената. Борбата за повисок животен стандард е можна само ако го дадеме сите максимумот.

Тие што ме познаваат добро знаат дека реагирам на секоја неправда, се борам за секој човек во кој верувам. Македонија мора да ја промениме. Тоа започнува со новата влада.

Како министер за финансии ќе работам за пониски даноци, за поголема правилна дистрибуција на капиталот, за капитални инвестиции, за економски раст и развој.

Верувам во капацитетот на секој еден човек. Доаѓа време во кое државата треба да му врати на народот.

Македонија за сите, Македонија за тебе!

Почнуваме!

 

Линк од видео материјал на Гордана Кочоска Димитриеска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и предлог министер за финансии

https://www.facebook.com/GordanaDimitrieskaKochoska/videos/1437092877011111/

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан