• понеделник, 23 септември 2024

Десетици во Кина со дисциплински мерки и 10 уапсени поради смртоносниот пожар во јануари

Десетици во Кина со дисциплински мерки и 10 уапсени поради смртоносниот пожар во јануари

Пекинг, 21 септември 2024 (МИА) -  Кинеските власти изрекоа  дисциплински мерки за повеќе од 50 службеници и уапсија 10 лица осомничени за кривична одговорност во смртоносниот пожар во кој загинаа десетици во јануари, објавија денеска државните медиуми.

Во пожарот во градот Синју во централната кинеска провинција Џиангси загинаа 39, а повредени се девет.

Јавните обвинители наредија апсење на 10 лица, вклучително и претставници на деловните субјекти кои ги поседувале продавницата и хотелот каде што избувнал пожарот, јави државната телевизија.

Разрешени се повеќе функционери од локалната власт, а вкупно 55 јавни службеници „сериозно се повикани на одговорност“.

Државната новинска агенција Синхуа тогаш објави дека причината за пожарот била „илегално палење оган од страна на работници во подрумот на зградата“.

Оттогаш, владата на Џиангси вети дека „целосно ќе ја заштити безбедноста на животите и имотот на локалните жители“.зш/

Остани поврзан