Дел од општина Бутел без вода
- Прекин во водоснабдување денеска ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Бутелска“, „Зуфер Мусиќ“, „Призренска“, „Приштинска“, „Дабница“ и „Мостарска“.
Скопје, 23 септември 2022 (МИА) - Прекин во водоснабдување денеска ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Бутелска“, „Зуфер Мусиќ“, „Призренска“, „Приштинска“, „Дабница“ и „Мостарска“.
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје соопшти дека прекинот е поради реконструкција на водоводната мрежа на улица „Бутелска“ број 20.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот. мд/