• петок, 27 септември 2024

ДЕА ќе отвори претставништво во Тирана

ДЕА ќе отвори претставништво во Тирана

Тирана, 26 2024 (МИА) - Американската агенција за борба против дрога, ДЕА, ќе отвори свое претставништво во Тирана, соопшти шефот на Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал на Албанија, СПАК, Алтин Думани

- Думани учествуваше на Меѓународната конференција за борба против дрогата што од 24 до 26 септември се одржува во грчката престолнина Атина. За време на конференцијата, тој се сретна со шефицата на Агенцијата за борба против дрога, Ен Милграм, јавија медиумите во Тирана

-За време на нивната средба, Милграм високо ги оцени резултатите на СПАК во борбата против меѓународниот организиран криминал и, особено, трговијата со дрога, додаваат медиумите.

Думани и Милграм ја потврдиле соработката меѓу двете структури и се заложиле за нејзино зајакнување, што ќе кулминира со отворањето на претставништвото на американска агенција за борба против дрога во Тирана. 

Ваквата соработка, оцениле, е од витално значење за успешно справување со глобалните предизвици поврзани со дрогата и организираниот криминал. вт/ссм/

Остани поврзан